Заев: Груевски држиш невини луѓе и студенти во притвор

0
1194

Да престане Груевски преку медиумските мегафони да лаже дека наводно опозицијата подготвува некакво насилство. Никакво насилство не подготвува опозицијата, повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

zaev-bomba-685x320

– Груевски држиш невини луѓе и студенти во притвор кои излегле да го искористат своето право на протест. Ги повикуваш сите етнички заедници на контра протест против опозицијата. Ти си креатор на кризите во Македонија. Работиш на тајни сценарија за разнебитување на Македонија – рече Заев.

Тој ги повика сите граѓани да не подлегнуваат на црните сценарија што, како што рече, ги прави власта на Никола Груевски, и да излезат на натпартиски граѓански мирен протест и да покажат како се сака Македонија, да покажат заедништво. Тој најави масовен протест, невиден досега.

– Не се испушта оваа шанса да се учествува на масовен протест – додаде тој.