НЕМА ДА ПОСТОИ СЕЛО ВО ПРИЛЕП БЕЗ ДА ВИРЕЕ КВАЛИТЕТЕН АСФАЛТ : ВО ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА НА ДОКТОРОТ ОПФАТЕНО И СЕЛОТО ВОЛКОВО СО 5 КИЛОМЕТРИ ДО МАНАСТИРОТ НАД СЕЛО ПРИЛЕПЕЦ

0
1383

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на патот од населеното место Волково, до манастирот „Свети Никола“, кој се наоѓа во близина на населеното место Прилепец.

Станува збор за пат во должина од над 5 километри, кој се наоѓаше во исклучителна лоша состојба, тешко пристапен како за жителите на двете населени места, така и за посетителите на манастирот.

Градоначалникот Јованоски истакна дека, во рамките на програмата на Општина Прилеп за изградба, реконструкција и рехабилитација на постојната патна инфраструктура, беа изработени проекти за реконструкција на патиштата од н.м. Волково до н.м Прилепец, како и од н.м. Прилепец до манастирот „Свети Никола“.

DCIM100MEDIADJI_0085.JPG

Вкупната вредност на двата проекта изнесува 31.2 милиони денари. Средствата за изградба на патот беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, додека ДДВ-то е целосно финансирано од Општина Прилеп.

До денеска, асфалтирани се околу 2.4 километри од патот, а според најавите на изведувачот, комплетните градежни работи ќе бидат завршени најдоцна до крајот на овој месец.