ДИМИТРИЕВСКИ : ВО ПРВИТЕ 200 ДЕНА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ – „НЕПРИФАТЛИВО Е БАРАЊЕТО ЗА БРИШЕЊЕ НА 20% И ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО СОБРАНИЕ“

0
227

Кандидатот за претседател од „Знам“, Максим Димитриевски при презентацијата на својата програма во Крушево рече дека е против симнување на 20 отсто што се однесуваат на албанскиот јазик во Уставот.Димитриевски рече и дека е против идејата да се смени начинот на избор на претседател, а тоа е претседателот да се избира во Собранието.

„Отворање на дијалог за евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор за кој сметам дека е 100 посто реализиран“, вели Димитриевски.

Сепак, како што вели приоритет број 3 му е отворање на Уставот и внесување на Бугарите.

„Во интерес на зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на билатералните односи со соседна Република Бугарија, во првите 200 дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во преамбулата, со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила во истиот момент кога Република Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија“, додава Димитриевски.