НИКОЛОВСКИ ОД ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ : АКО ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГО УКИНЕШЕ УСОГЛАСУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ, МИНИМАЛНАТА ПЕНЗИЈА СЕГА ЌЕ БЕШЕ 20 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

0
285

Илија Николовски, минимална пензија, Партија на пензионери

„Секогаш има и задоволни и незадоволни пензионери. Ја користам оваа прилика да го изразам моето високо почитување кон незадоволните пензионери, кон оние жртвите на транзицијата, жртвите на стечајните постапки и тн. Меѓутоа партијата на пензионерите, била и секогаш ќе биде со пензионерите и ќе презема организирани мерки и активности за подобрување на правниот и социјалниот статус на пензионерите со ниски примања и другите маргинализирани општествени групи во државата. Токму ради тоа и постојано се залагаме да се поправи тој статус и токму поради тоа предлагаме да се донесе Закон за минимална пензија, тоа беше во завршна фаза а не се постигна, но сум сигурен дека идната Влада во која длабоко сум уверен дека ќе ја формира Социјалдемократскиот сојуз, тој закон биде донесен и минималната пензија треба да биде 70% од минималната плата, со други зборови сега во програмата се предвидува минималната пензија биде 20.000 денари“, рече Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека ако претходната власт не го суспендирала Законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно Член 37, тогаш пензионерите би имале минимална пензија од 20.000 денари, а не 13.200 денари како што имаат сега.„Тој метод на усогласување на пензиите се применуваше во Македонија до 2013 година. Тој метод постоеше. Но, претходната власт во 2013 година го суспендираше тој метод на усогласување“, потенцираше Николовски.

Во овие седум години донесени се најмногу социјални пакети за пензионерите во регионот, посочи Николовски.

„Сите треба да сфатат дека главниот виновник за малите пензии е кој колку уплаќал во пензискиот фонд. Државата презема мерки преку таканаречени социјални пакети и ги помагаат тие со малите пензии. Оваа влада имаше такви девет пакети и е единствена во регионот којашто дала толку социјални пакети. Тие до 19.000 денари пензии кои имаа, добиваа од 2.000 до 3.000 денари, шест месеци. Треба да го разликуваме социјалниот и економскиот карактеер на пензиите. Пензијата е стекната економска категорија и никој нема право да задира во тоа стекнато право. Државата е таа која треба да гарантира за стекнатото право“, рече Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека пензиите не смејат да ја изгубат својата вредност и дека на пензионерите треба да им се овозможи достоен живот и достојна старост.
„Во Македонија, просечен животен век е 70-73, тоа значи дека некој кога ќе замине во пензија на 65, уште неколку години прима пензија. Кога некој ќе каже јас имам пензија, ќе го прашам колку години ја примаш, вика од 90-та, викам одлично, важно е колку ја користиш“, заклучи Николовски.

Тој додаде дека првпат во историјата на државата имало протести на пензионерите, пензионерите биле изманипулирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ заради стекнување на политички поени.

„За жал, поголем манипулатор од нив, се појави Јанко Бачев, со партијата Единствена Македонија. Сите во државата знаеме дека тоа е проруска партија, партија која е против Европската Унија, партија која е против НАТО и партија која организираше трибина во Континентал, а предавачот беше Дугин, идеологот на Путин. Партија чија иконографија е потполно иста со Единствена Русија и тие испаднаа поголеми ербапи од ВМРО-ДПМНЕ и ја преземаа иницијативата за протести. За среќа, пензионерите сфатија на време дека се изманипулирани затоа што оваа партија на Јанко Бачев овие денови почна да прави пензионерски листи и сфатија пензионерите дека се изманипулирани“, потенцираше Николовски.Тој додаде дека првиот раскол се случил во Кавадарци, а овие денови почнале да се откажуваат и најверните на пензионираниот мајор Угриноски.