ЗА АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ УПАДОТ ВО М-НАВ Е СКАНДАЛОЗЕН ИНЦИДЕНТ ВО МЕЃУНАРОДНИ РАЗМЕРИ

0
308

Алијанса за Албанците го осуди упадот и физичкиот напад на контролор во контролната кула на М-НАВ. Од партијата велат дека станува збор за инцидент од меѓународни размери.

– Овој чин го загрози меѓународниот воздушен сообраќај и животите на стотици или илјадници патници кои би можеле да настрадат како резултат на овој инцидент. Ја поздравуваме реакцијата на обвинителството и барањето за притвор на осомничените и очекуваме правдата да донесе правична и заслужена пресуда, за ваквите дела да добијат соодветна казна и никогаш да не се повторат.

Воедно бараме од одговорните органи да го зголемат степенот на безбедност во овие објекти и институции а да истражат и како напаѓачите, неовластено успеале да влезат во контролната кула, велат од Алијанса.