(ВИДЕО) Кирацовски: 10.000 евра за секоја бизнис одржлива идеја, наместо обуките и сертификатите на Груевски и Спасов

0
1131

Прес конференцијата на Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Ниту обуки, ниту сертификати не може да им помогнат на граѓаните кои се оставени без егзистенција благодарение на криминално – корупциската власт на Никола Груевски.

Никола Груевски преку Диме Спасов не може повеќе да ги лаже граѓаните кои се изгореа од нивните наводни ваучери и незрели популистички политики.

Повеќе од 1/3 од наводно поддржаните 7.800 фирми со ваучери од 3.000 евра се веќе затворени!

Тоа се 2.340 затворени микро фирми. Граѓаните кои подигнале ваучери и вложиле сопствени средства, не можат да развијат бизнис поради нефункционалниот економски систем во државата.

И не само што ги загубиле парите, туку се на уште една мака. Избришани се од Заводот за вработување без право да се пријават во наредните неколку години!

Од друга страна, пропаднати се над 7.000.000 евра пари на граѓаните  на Република Македонија за таканаречените ваучери на власта.

Проблемот не се решава со обуки и сертификати на граѓаните! Проблемот е во неодговорната власт којашто не создаде реално одржлив економски амбиент за да можат луѓето и фирмите да работат, туку 10 години си ги гледаат само сопствените бизниси од коишто се збогатија до рајските земји.

СДСМ по промената на власта ќе се фокусира на максимална поддршка и развој на микро, малите и средни претпријатија.

Нашиот концепт подразбира сериозен и искрен пристап кон новите претприемачи.

За секоја одржлива бизнис идеја којашто пред се овозможува вработувања, ќе доделуваме по 10.000 евра неповратни финансиски средства! Поддршката во период од една до две години претприемачите ќе ја добиваат преку деловни старт-ап центри во сите поголеми општини.

Државната помош за малите и средни претријатија ќе ја зголемиме на 20 до 50 милиони евра наместо сегашните 200.000 евра со коишто оваа власт покажува колку и се неважни домашните фирми.

Ќе обезбедиме 22 милиони евра за активните мерки за вработување во приватниот сектор, во првата година од мандатот. Ова се само дел од мерките со коишто ќе овозможиме стабилна работа за граѓаните и за бизнис секторот.

Власта на Никола Груевски во заминување единствено може да си додели себе си сертификат за невидената сиромаштија што ја предизвикаа во Република Македонија.

Прочитани се Груевски и соработниците и на следните регуларни избори граѓаните ќе им ја доделат заслужената казна.