ЕВЕ ЗОШТО БИЛО ЦЕЛОТО ГЛУМЕЊЕ ЛУДИЛО ДЕКА Е НЕЗАВИСНА – ДАНЕЛА БАРА ГЛАСОВИ ОД СИМПАТИЗЕРИ И ЧЛЕНОВИ НА СДСМ?!?!

0
1480

– Сакам да истакнам дека јас член на политичка партија досега не сум била, ниту сум и тоа се факти. Други факти поинакви од ова нема. Ја објавив својата кандидатура како независен кандидат којшто претендира да биде градоначалник на градот Скопје. Најважно од се, верувам дека ќе ја добијам поддршката на скопјани, а уште поважно, поддршката ја барам и од симпатизерите на СДСМ – вели Арсовска.

Сега е повеќе јасно зошто беше она глумење лудило дека е непартиска и независна, сакала жената да лови гласови на членови на СДСМ затоа што е свесна дека ВМРО ДПМНЕ слабо котира во Скопје затоа што во Скопје народот е пописмен од селата каде сите гледаат само Сител и Алфа ТВ…

Данела се обидува да се дистанцира од ВМРО ДПМНЕ за да проба да добие неколку албански гласови и гласови од членови на СДСМ а секако и оние кои се политички неопределени. Многу амбициозен план, но смешното е што таа ќе држи митинзи заедно со Мицковски а луѓето сепак не пијат нафта, знаат дека сето тоа е една голема измама.

Исто колку што беше Иванов Хорхе независен или пак Сиљановска, се е тоа политичка измама од кујните за измами на ВМРО ДПМНЕ.