ЕСМ : БЛОК 2 НА РЕК БИТОЛА Е СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА, ЗА ВРЕМЕ НА ХАВАРИЈАТА СТРУЈА НЕ Е УВЕЗЕНА

0
187

Откако беше исклучен од мрежа Блок 3 заради дефект на цевка во котелот, во функција е ставен Блок 2 на РЕК Битола, соопштија од ЕСМ.Од ЕСМ додаваат дека подготвен е и Блок 1, а ќе биде ставен во погон ако има потреба.

-АД ЕСМ овој период ги задоволува потребите од електрична енергија на потрошувачите од свои производствени капацитети и преку набавка на електрична енергија, по поволни цени кои му овозможуваат на компанијата намалување на трошоците на работа. За потсетување, од 9 ноември до 16 декември 2023 година и од 1 февруари до 24 февруари годинава, РЕК Битола работеше со сиот свој капацитет, со сите три блока на мрежа, соопштија од ЕСМ.Од ЕСМ вчера соопштија дека поради пукната цевка Блокот со кој работеше РЕК Битола испадна од мрежа.

-Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира, велат од ЕСМ.