СКАНДАЛ – СНААТА И СИНОТ НА СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ПО ГРЕШКА НАМЕСТО ИЗВОД ОД ВЕНЧАНИЦА НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА ДОБИЛЕ УМРЕНИЦА

0
276

Градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски се пожали дека неговиот син и снаата наместо извод од Матичната книга на венчаните лица, добиле извод од Книга на умрените и денот на нивната венчавка е впишан како ден на нивната смрт.

„Скандал. Од црн поцрн хумор. Замислете, мојата снајка и мојот син побараа извод од Матичната книга на венчаните, чекаа два и пол часа и го добија овој извод. Извод од Матичната книга на умрените. Денот на нивната венчавка е впишан како ден на смртта. Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа“, вели Јакимовски.

Потпишана е, како што објасни, Дијана Антониевиќ, веројатно, како што додава, кадар на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ бидејќи „не е Албанка, не може да е на ДУИ“.

„Економските причини за иселување веќе не се оние што ги бркаат младите. Се давиме во хаос на секое поле. Со вакви перспективни и талентирани кадри се наполнети и државната и јавната администрација. Имаме илјадници црни хумори со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ, и што е најбитно, и ним не им чини администрацијата во зависност дали се власт или опозиција. Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, сè друго е резултат на 20 кампањи и лепење плакати“, потенцира Јакимовски.