(ФОТО) Градоначалниците на Бутел и Гази Баба заедно со МПЦ ќе ги реконструираат црквите во Раштак, Булачани и Љуботен

0
1370

Денеска заедно со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г Стефан и градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, бевме во посета на црквите во Булачани, Раштак и Љуботен.

Овие цркви се едни од постарите во овие региони кои според мештаните датираат од 14 век.

Ѕидовите се испукани, таваните прокиснуваат а фреските се избледени, затоа заедно со поглаварот г.г Стефан се обврзавме со сите расположливи средства за рестравација на црквите се со цел за го заштитиме нашето културно-историско наследство.