МЕГА СКАНДАЛ: Корумпираниот американски конгресмен, Пит Сешонс го пречека Груевски со зборовите: Се воодушеваме на вашите идеи за подобрување на животот во Македонија?! Ова му го вика на човекот кој е фатен како договарал милионски провизии, крадел избори, договарал шамарање на политички противници и кревал нивни објекти со динамит во воздух?!

0
792

 

Средби во Конгресот на САД, понеделник, 11 јануари 2016Средби во Конгресот на САД, понеделник, 11 јануари 2016

Posted by Nikola Gruevski on Monday, January 11, 2016

„Фала ви што најдовте време. Америка е многу горда на вас, на вашиот економски раст и развој и за вашите идеи за правењето на вашата земја подобра. Можноста да сте во САД е за добро на САД“.

По овие фалби Македонија може да почне да биде инвеститор во САД – да им го остави премиерот за да им биде уште подобро на Американците и да бидат уште погорди. Од печатниците за фалсификувани лични карти во Македонија може да им се испорачаат маици со натпис: „Да живее Орбан, да живее Грујо, да ни се смееат сите како на виц за Хасо и Мујо“. Инаку, видеово ко да го монтирал потресен Македонец, кој случајно го чекал премиерот пред хотел. Странски служби се подобри.

Инаку конгресменот Пит Сешонс е познат како корумпиран и нечесен конгресмен. Тој во 2008-ма му дал тендер тежок 1,6 милиони долари на својот пријател и осудуван криминалец Адријан Плеша кој тогаш работел за фирмата Џим Фергусон Ко која фирма никогаш немала искуство за работата за која го добила тендерот. Потоа се покажало дека Адријан Плеша бил најмен како лобист од фирмата за да фаќа врски кај функционери во Вашингтон.

Но ова не е единствен пример за корупција на конгресменот Пит. Тој имал лични конекции со бизнисменот Ален Станфорд од кого примил донации во висина од 44 000 долари и исто така добивал ваучери за туристички патувања на Карибите и летал со авионот на бизнисменот Станфорд кој потоа се покажа дека е голем криминалец и измиманик кој ги лажел своите клиенти и инвеститори и буквално ги ограби за стотици милиони долари и сега е во затвор.

Но ова не е се. Пит сега во моментов води некаков комитет во Конгресот кој е задолжен за тоа како се гласаат законите и буџетот во Конгресот. Па ова е неверојатна можност Грујо да му раскаже на американецов како се гласаше буџетот во 2012-та и како тој тогаш ја искуфери опозицијата и новинарите со клоци надвор од парламентот, можеби Американецот ќе сака да ги примени тие Груеви техники и во американскиот конгрес.