ДРАГАН АНАСТАСОВ – ЛАДИЌ : Жителите на селата Долни Стубол и Плешенци денес добиваат асфалтирани улици

0
1036

Ги завршуваме инвестициите во инфраструктурата во оваа тешка, пандемиска година. Жителите на селата Долни Стубол и Плешенци денес добиваат асфалтирани улици.

Општина Пробиштип и Јас, како градоначалник ќе продолжиме и во новата 2021 година да ги реализираме ветените проекти, а со почетокот на новата градежна сезона на пролет ќе го реализираме и проектот за реконструкција на патниот правец помеѓу селата Долни и Горни Стубол, кој е од особено значење за нашите сограѓани кои гравитираат на овој дел од Општината.

Драган Анастасов – Ладиќ, градоначалник на Општина Пробиштип.