ДИМИТРИЕВСКИ : ОПШТИНА КУМАНОВО ПРОДОЛЖУВА ДА БИДЕ ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ОДЛИЧНО ЦИВИЛНО-ВОЕНА СОРАБОТКА

0
584

Денеска, на локација на Спортскиот Аеродром „Аџи Tепе“ во Куманово се одржа изложба и презентација на воени возила и опрема „Air/Ground Static Display“, во организација на АРМ, а во соработка со Амбасадата на САД и Општина Куманово, каде што посетителите имаа можност да ја разгледаат воената и цивилната воздухопловна опрема и возила.Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски истакна дека општината продолжува да биде позитивен пример за одлична цивилно-воена соработка.

„Овој настан беше одлично прифатен од граѓаните, кои имаа можност да разговараат со пилотите, војниците и останатите професионалци кои несебично го споделија своето искуство и знаење и одговараа на љубопитните прашања на децата. На настанот беа изложени цртежи на учениците од средните општински училишта кои што цртаа за оваа пригода, а за музиката беше задолжен оркестарот „Синфониум“ при Гимназијата „Гоце Делчев“.