КОВАЧЕВСКИ ОД КРУШЕВО : ИЛИНДЕН Е И ЌЕ БИДЕ НАША СИЛА ЗА СВЕТЛА, ЕВРОПСКА ИДНИНА!

0
822
Светилникот на прогресот ни е поставен уште од илинденците. Прогресивната, илинденска идеја ја бележи и Крушевскиот манифест.

Илинденската идеја има континуитет низ вековите и ги поврзува нашето минато, сегашноста и иднината. Се покажала функционална и се покажала државотворна.
Затоа оттука има само напред!

И не постои сила што може да застане на патот на европскиот напредок на нашата држава!

А, ако некој случајно решил да ја преиспита прогресивната суштина на илинденската идеја, да блокира или кочи развој – тој, за сите е јасно, дека има различни мотиви и цели, од тоа што е интерес на граѓаните и државата.

Минатото, покажува дека само режимски системи кочеле прогресивни идеи.
Но, ние пред нас ја имаме големата визија на големиот Гоце Делчев и таа е и останува нашата политика.

Ваквата прогресивна идеја е и во основата на Европа, кон којашто стратешки се определивме.

Европа, нашата следна цел, не е само унија на држави, почитувани граѓани, туку таа е вредносен концепт што на ова наше тло е негуван со генерации.
Премиерот Димитар Ковачевски од Крушево.