Хајндл : Нема смисла да има избори, ако не се создадат услови да бидат фер и демократски

0
1348

Парламентарните избори треба да се одржат пред 2018 година, но претходно мора да се создадат услови за процесот да биде фер и демократски – вели во интервјуто за Алсат-М кое ќе се емитува вечерва, специјалниот германски пратеник за Македонија Јоханес Хандл. Според него поважно од датумот на изборите е постигнување консензус во наредните неколку седмици, пред летните одмори, за двете клучни прашања, избирачкиот список и медиумите.

„Мојот впечаток по разговорите е дека барем за избирачкиот список би било можно скорешно решение. Во однос на медиумите се уште се водат разговори, но проблемот, а тоа е комплексна тема, е дека се надевам дека партиите ќе дојдат до решение пред летните одмори. Ако партиите самите не постигнат решение тогаш би можеле да се повикате на совет и експертиза на меѓународни експерти“, вели Хајндл.

Порачува дека нема смисла да има избори, ако за нив нема услови. На прашањето дали треба да водат сметка оние институции што ѝ позајмуваат пари на македонската влада за чие функционирање Брисел нема пофални зборови Хајндл одговора:

“Инвестициите и странскиот капитал одат таму каде што парите се добро и безбедно инвестирани. Ова подразбира функционирање на правната држава, политичка стабилност и борба против корупцијата. Во ова спаѓа и позитивната перспектива за иднината. Ова се фактори кои Македонија треба да ги изнесе на виделина кога бара странски инвестиции. Ако сме реални и искрени, треба да дојдеме до заклучок и да признаеме дека Македонија поради кризата, во споредба со другите земји, е губитник на теренот. Тука се поврзува и нешто друго, а тоа е дали Европската комисија на есен ќе биде во можност да ја повтори препораката за почеток на преговорите за членство “.

Пораката на Хајндл, кој пред извесен период беше во Атина, е дека во овој момент фоксуот треба да биде на решавање на политичката криза, а не на прашањето за името.