ГОРАН СУГАРЕСКИ : ДЕНЕС ПОТПИШАВ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНИА ,,ГОУ ГРИН” ОД СКОПЈЕ, ПРИЛЕП ЌЕ БИДЕ ЗЕЛЕНА ОПШТИНА И СРЕДИНА НА ОСТВАРЕНИ МЛАДИ ЛУЃЕ!

0
586
Поаѓајќи од заедничкиот интерес, а свесни дека соработката и поддршката во делот на млади и животна средина се од исклучително значење за одржливо општество, денеска потпишавме Меморандум за соработка со Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје.

Како иден градоначалник на Општина Прилеп, преземам обврска прашањата, кои во најголем дел се и составен дел од изборната програма на СДСМ и Коалицијата како што се: зелени општини, градење на одржлива, инклузивна, безбедна и отпорна општина, да бидат имплементирани во програмата за работа на Општина Прилеп во наредниот 4-годишен мандат.

Прилеп зелена општина и средина на остварени млади луѓе!

#Заокружи12

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Сугарески.