ДВАЈЦА РАБОТНИЦИ СЕ ЗАТРУЛЕ НА СВИЊАРСКА ФАРМА ВО СВЕТИНИКОЛСКО : ЕДНИОТ ПОЧИНА НА ЛИЦЕ МЕСТО, ДРУГИОТ ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА

0
363

Две лица се затруле од хемиска материја во фарма во светиниколското село Амзабегово. Според информациите, едното починало на лице место, а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Случајот го потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која за МИА вели дека во моментов во свињарската фарма на увид се екипи од ОВР Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.

– Настанот во СВР Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје – вели Панајотова.Како што информира портпаролот на СВР Штип, телото на починатиот работник ќе биде предадено на обдукција, повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.