ДЕКРЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЈДЕН ЈАСНО НИ ПОРАЧУВА ДЕКА САД НЕ ИЗГУБИЛЕ ИНТЕРЕС ЗА БАЛКАНОТ, ШЕКЕРИНСКА: САД ГО СМЕТААТ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР КАКО ГАРАНЦИЈА ЗА МИР И БЕЗБЕДНОСТ НА БАЛКАНОТ

0
216

“Декретот на американскиот претседател Џо Бајден покажува дека интересот на САД за Западниот Балкан не е изгубен, туку напротив се зајакнува” – изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Декретот испраќа две пораки: дека договорите кои обезбедија решение на проблемите на Балканот се влог во безбедноста на Балканот и дека од сите земји во поширокиот регион очекуваат силна борба против корупцијата.

“Сите нив, меѓу кои и Преспанскиот договор, САД ги доживуваат, ги толкуваат и ги сметаат за гаранција за безбедноста и стабилноста на овој регион. Втората порака е дека не е доволно само да ги решавате политичките проблеми, туку дека од сите земји во поширокиот регион очекуваат силна борба против корупцијата. Мислам дека и двете пораки кои ги испраќаат САД се добредојдени за сите нас кои што посакуваме да живееме во подобар регион, кој што не е само дел од евроатлантското семејство и НАТО, туку е дел од една евроатлантска култура на владеење на право, на демократски вредности, слободни медиуми, кои носат просперитет” – изјави Шекеринска.