ЗА ОВА ГЛАСАА СКОПЈАНИ И ПОВТОРНО ЌЕ ГО ГЛАСААТ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ : НАБАВЕНИ НАД 130 КОМУНАЛНИ ВОЗИЛА И АВТОБУСИ ВО ЕДЕН МАНДАТ

0
857
Напоменувам дека целокупната комунална инфраструктура е набавена исклучиво со градски средства. Не е набавена со помош на ниту една власт, не е набавена ниту со донација. Нашите јавни пари не ги трошиме на нефункционални трошења – на нефункционални автобуси, на коњи, кочии, стиропори, споменици и мермери, нашите градски пари ги трошиме за вистинските приоритети, за вистинските потреби на градот Скопје.
Скопје има потреба од поефикасен сообраќај и за поефикасна комунална хигиена, за уредување на новото зеленило и токму заради тоа наши приоритети во изминатиов период, но и во периодот што ни претстои ќе биде токму тоа – подобрување на инфраструктурата, подобрување на условите за работа и поевтинување на услугите кои што ги даваат јавните претпријатија. #ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна