АЛБАНИЈА ЗАБРАНИ УВОЗ НА СВИНСКО МЕСО ОД МАКЕДОНИЈА

0
407

Албанија воведе забрана за увоз на свињи, месо и нивни производи од Македонија, откако биле откриени случаи на заразени со болеста „африканска чума“, јави Ора њуз.

Ако со сертификати се докаже дека свињите или нивното месо и производи од свинско месо, не се заразени, тогаш ќе биде дозволен нивен увоз.Одлуката ја донесе Министерството за земјоделство и рурален развој, на неопределено време.