УТРЕ ИЛИ ДИРЕКТОРИТЕ ЌЕ БИДАТ РАЗРЕШЕНИ ИЛИ ГО ЗАТВОРАМЕ ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР, ВЕЛИ ТАСЕВСКИ

0
196

Владата утре ако не ги разреши директорите на М-НАВ, тогаш Контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Скопје, вели претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски во изјава за Дојче веле.Утре е денот Д за М-НАВ, додава Тасевски.

„Се надеваме дека сето ова што се случи ќе резултира со разрешување на директорите во М-НАВ. Во спротивно покажуваат дека и во Владата не им е битно ништо освен фотелјите“, вели Тасевски за ДВ. Владата се очекува на утрешната седница да ги разреши директорите во М-НАВ, по случувањата со напад врз вработени.
Тасевски го потврдува ставот на сите вработени и ги повтори нивните услови или директорите сами да се повлечат или Владата да ги разреши.