САШКА ЦВЕТКОВСКА ЗА ИНТЕРВЈУТО СО ЛАТАС : ПОСТОИ КРИВИЧНО ДЕЛО ШИРЕЊЕ НА РАСИСТИЧКИ И КСЕНОФОБИЧЕН МАТЕРИЈАЛ, ВО СЛУЧАЈ НА ЛАЗАРОВ ДА НЕ МУ Е ЈАСНО

0
839

Некој нека им каже дека постои кривично дело наречено Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. За истото е предвиден затвор. Во случај на Лазаров да не му е јасно како тоа изгледа во пракса, нека го прочита обвиниението против Марјан Стаменквски Доказ. За поттикнување насилство постојат и други кривични дела, но повторно, поттикнувањето е родово насочено, што значи ете му пак дело од омраза, вели новинарката Сашка Цветковска во својата објава на социјалните мрежи.

„За оние кои што не мора да го гледаат ова освен ако не им е професионална обврска, им извадив транскрипт од хајлајтот кога гостинот ги објаснува своите сексуални искуства. (Забелешка: Ова не е се, има и други важни делови каде што двајцата повикуваат на омраза кон голем број групи сограѓани вклучени и заштитени со законот). Патем, потребна е итна дебата за тоа како се прави ветинг на информациите на интернет и зошто не се прави додека истовремено истите се користат за влијание и профит.

Водител: Значи вие си ги чувате комшиките?
Гостин:Во таа средина прв секс на 14 години, дали имав и 14. Тоа ти се маалски години како да ти кажам.

Водител:Добро има ли вистина во онаа прича првата не ја заборавам?
Гостин: Не, не, знаеш како. Јас сум доволно искусен мушкарац, мене не ми е битно да ми е прва, мене ми е битно ја да сум последен.

Водител:Хахахахаа, не знам не знам. Хахахаа хахаа.
Гостин:Знаеш како, не изгледаат тие односи така на почеток…Не знам дали си го гледал Долин бел филмот. Погледни го чисто да ти помогне во развој.
Водител:Има еден сега е во Босна, во Сарајево, татко му беше главен инспектор на Град Скопје пазарен и он имаше голема моќ позади татко му, секој дуќан секоја продавница мораше да клекне таму. Сеа сакаш нејќеш имаше Шанида едно клупче во Тафталиџе. И ми текнуе во едно време он не можеше да има однос со девојка ако он не ја исшамара. Значи тоа му е доминација, таков беше човекот, сеа името да не му го кажувам.