ДА УПАДНЕА ВАКВИ БАНДИТИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ИЛИ ПАРИЗ ИЛИ БИ БИЛЕ УАПСЕНИ ИЛИ ЛИКВИДИРАНИ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

0
297

Замислете што би се случило кога ваква би рекол бандитска група би упаднала на аеродромот во Вашингтон или на аеродромот во Париз или на аеродромот во Берлин. Или сега би биле уапсени, или би биле ликвидирани, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со упадот во М-НАВ.

-Секој ден имате по еден скандал кој кулминираше со ова дивеење на онаа бандитска криминална група која упадна во просториите на Македонска навигација. И она партиско октроирано обвинителство и судство кое тоа го помина како небаре да станува збор за некој кој позајмил десетина ќебапи од ќебапчилница. Жалосно и трагично е ова што се случува. И затоа ни се потребни промени да не ни се случуваат вакви бандити, односно ако се случат веднаш да бидат санкционирани и казнети, изјави Мицкоски.