ТИМОШЕНКО : РУСИТЕ ГРАНАТИРАА ПОРОДИЛИШТЕ ВО ХЕРСОН

0
445

Руските сили денеска гранатираа здравствена установа во Херсон и го погодија породилното одделение на болницата, објави заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.Тимошенко на Телеграм напиша дека зградата е оштетена, но дека медицинските работници, пациентите и децата не се повредени.

Тoj објави и фотографија од местото на гранатирањето, пренесе украинскиот сајт prm.ua. Руските сили вчера го гранатираа Херсон и погодија станбена зграда.