КОВАЧЕВСКИ : АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ, СЕ НАМАЛУВА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ И ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ

0
442
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина во Гевгелија најави дека цената на прехранбените производи ќе продолжи да се намалува како резултат на мерките преземени од Владата предводена од СДСМ.
„Со последната мерка на Владата, обезбедиме поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Резултатите веќе се видливи, во одредени произведители ја намалија цената на лебот, очекувам во наредните денови до 10% намалување на цените на основните прехранбени производи. Исто како и вас и јас пазарувам и знам колку се покачени цените, но правиме се да ги ублажиме последиците од глобалната криза.“ истакна Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината што се одржа во Гевгелија.