Силна поддршка од Кралството Шведска за нашата земја во процесите на интеграција кон ЕУ, како и можности за идна соработка во областа на безбедноста.
На средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрин Бенгтсон, ги потврдивме заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата, со подготвеност за заедничка соработка на овие полиња во иднина.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски.