Грујо преку Емил Димитриев му испрати писмо на албанскиот премиер Еди Рама : Убеден сум дека и со вас и без вас ЌЕ ПРАВИМЕ ГЛУПОСТИ И ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА ЈА ДОЗАКОПУВАМЕ МАКЕДОНИЈА ВО ЛАЈНА!!!

0
1726

Почитуван г. Рама, Постојаното мешање во внатрешните работи на Република Македонија прави голема штета на добрососедските односи и е спротивно на европските вредности, му порача македонскиот премиер Емил Димитриев на неговиот албански колега Еди Рама.

-Верувајте, тоа не помага никому. Не и’ помага на Албанија чии граѓани очекуваат од Вас да се зафатите со слабостите во владеењето и економијата. Не и’ помага на ЕУ зашто и ним им е јасно дека барате само изговор за кавги надвор за да не се говори за она што сте или не сте го сториле дома. Не и’ помага ниту на Македонија чии граѓани сакаат суверена и независна земја во сегашните граници. Тие граѓани ја плаќаат цената за Вашите наводни амбиции да ја редефинирате Македонија, наместо да ја реформирате Албанија во постојните граници. Не помага ни на партиите во Македонија кон кои се однесувате покровителски и несоодветно потценувачки, напиша Димитриев.

Убеден сум дека и без Вашето мешање ќе изнајдеме решенија за нашите предизвици, порача Димитриев.

-Конечно, многу е некоректно да потпалувате националистички оган. Албанскиот јазик е нашироко застапен во Македонија. Албанскиот јазик, како и турскиот, српскиот, влашкиот, босанскиот и ромскиот, заедно со македонскиот јазик е дел од културата и богатството на Македонија. Ангажираме големи ресурси за промоција на јазикот и културата на нашите заедници. Добро ќе биде да не’ следите во тој правец. Во Албанија, не толку одамна, морало да се затвораат прозорците ако по дома се говорел мајчиниот јазик, за да не слушне некој. Ние тоа искуство сме го немале никогаш. Македонските граѓани, без разлика на нивната етничка и верска припадност, сами пребродиле многу кризи во историјата, ќе ја надминат и оваа. Наша заедничка цел е и понатаму да продолжиме со градењето силно граѓанско општество кое ќе биде дел од евроатлантското семејство, напиша Димитриев.

Извор  : Курир