ПРВИОТ ЧОВЕК НА ШПАНСКАТА ,,ЛА ЛИГА ТЕРБАС : ОВА ШТО ГО ПРАВИ ПСЖ ВО ФУДБАЛОТ Е НАВРЕДА, КЕЛАИФИ Е ОПАСЕН ИСТО КОЛКУ И СУПЕРЛИГАТА

0
882

Одлуката на Килијан Мбапе да го одбие Реал и да остане во Париз предизвика тектонски пореметувања во фудбалскиот свет. Сите релевантни светски медиуми објавија дека Мбапе, вечерва по завршувањето на натпреварот со Мец, со кој ќе биде спуштена завесата во Лига 1, ќе ја соопшти својата одлука.

И додека новинарите се занимаваат со неверојатните суми пари што ќе ги заработи Мбапе на „Паркот на принцовите“, на Твитер се огласи првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тербас.

„Она што го прави ПСЖ со обновувањето на договорот на Мбапе за големи пари Мбапе, додека известува за загуби од 700 милиони евра во последните сезони и троши повеќе од 600 милиони на плати, е навреда за фудбалот. Ал-Келаифи е опасен како и Суперлигата“, напиша Тебас на Твитер.