НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН УАПСЕН НАПАДНАТИОТ ВО М-НАВ – ЗА НЕГО ИМАЛО АКТИВНА МЕРКА „АПСИ“

0
320
Вработениот во М-НАВ кој беше нападнат од група од неколку лица во зградата кајшто се наоѓа контролата за летање вчера вечерта во 20.10 часот бил уапсен на граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од државата.

Веста дека на граница е уапсено лице со иницијали П.Б., кои се совпаѓаат со иницијалите на нападнатиот беше објавена во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи. Од Обвинителството за „Фокус“ потврдија дека се работи за нападнатиот, но други детали не кажаа.

-На 06.01.2024 во 20.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, бил лишен од слобода П.Б.(39) од Скопје. Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од Кривичниот законик. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, стои во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Дека лицето нема дадено исказ во Обвинителството утрово во соопштение објави и Кривичниот суд, а неофицијално се барал да ги каже своите сознанија за овој случај.Осомничени за нападот се осум лица, четворица се недостапни за органите на прогонот, додека за другите четворица меѓу кои и високиот функционер на ДУИ, Беким Незири беа определени мерки за претпазливост.