Аналните спелеолози на Грујо, Мирка и Пандов се закануваат : Тие што не мислат како нив ќе ги фрлаат во канализација!

0
1164

Овие кои вака ја исцртаа, ја исликаа и ја претставија Македонија во светот, за нив подобро е да ги нема, тие се за во канализација и таму ќе завршат, порача новинарката Мирка Велиновска на трибината на ГДОМ, алудирајќи на документарецот објавен на „Ал Џазира“ пред некоку дена, објави порталот Курир.

mirka-500

Во тој документарец, според Курир, Македонија е претставена „во едно многу лошо издание од страна на платениците на СОРОС, но и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска“.

– Овие што вака ја исцртаа, ја исликаа и ја претставија Македонија во светот, за нив подобро ќе беше да ги нема. Тие се за во канализација и таму ќе завршат. Поинаку не може. Ова не е говор на омраза. Господата интервенционисти, бараат окупација на Македонија за одвнатре да не обезименат, да ни го изгорат домот, да не направат европски потстанари. Тоа ние нема да им го дозволиме. Јас мислам дека ниту едно семејство нема да дозволи и да седи на страна кога му го палат и рушат домот – рекла Велоновска.

– Провокации секакви ќе има. Не го заборавајте Смилковско езеро, за Водици спремаа провокации. Информирајте се препознавајте ја пропагандата и пропагандистите. Тие редовно ни прават анкети, службите со кои соработува Заев. Но, знаете ли што ги плаши, шокантните резултати, 92 осто, вклучително и Албанците родени во Македонија не даваат името да се смени и Македонија да исчезне – рекла таа.

СОРОС е најопасната појава во Македонија, односно оние кои што сакаат да ја дестабилизираат државата, да ги наруши инситуциите, ја имаат најголемата поддршка токму од СОРОС, изјавил на трибина во Скопје истомисленикот на Велиновска,екс пратеник на ВМРО ДПМНЕ,Александар Пандов.

Луѓето платени од оваа организација преку своите медиуми го трујат македонскиот народ, а дури се појавија и на „Ал Џезира“ каде плукаа по Mакедонија, по институциите, ја прикажаа нашата држава како да е на раб на граѓанска војна и воедно сакаат да предизвикаат меѓуетнички конфликт, порачал Пандов.

Тој вели дека Македонецот ја препознава вистината и дека нема да дозволи некој да ја наруши безбедноста на оваа држава.

-Овој пат цела македонска јавност ќе излезе на улица и ќе ги фатиме и како фекалии ќе ги фрлиме во Вардар, па овој пат Заев наместо пешки ќе може по воден пат да оди до Грција. Овие трибини кои ги одржуваме секаде се масовно посетени и тоа е доказ дека Македонецот ја пепознава вистината, порачал  Пандов.

“Бранителското “ ГДОМ кое го предводи тв шоуменот Миленко со недели шета низ државата и шири омраза кон сите што немислат како Груевски и владеачката елита.