ДАНЕЛА ЗА ОТПУШТАЊАТА ВО ВОДОВОД : ТОА СЕ ЛУЃЕ КОИ СЕДАТ ДОМА И НИШТО НЕ РАБОТАТ, А ЗЕМААТ ПЛАТА

0
345

Големата бројка на вработеност која надмина повеќе од 100 луѓе за само неколку месеци во претпријатијето „Водовод и канализација“ е причина за прекинување на договорите, рече во гостување за Студио 10 на тв 25, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска.

Тврди дека нема да се толерираат вработените кои доаѓаат на работното место и не ги извршуваат своите обврски.– Луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, луѓе кои одат на работа и не работат, а земаат плата – не смее да им се дава шанса да го оштетуваат буџетот. Од сите јавни претпријатија, пред повеќе од месец испративме барање за инфоирмација околу бројката на ваквите луѓе – за жал само директорката на комунална хигиена истапи напред, кај останатите дури се вработувале екстремна бројка на луѓе. Овие вработувања се за неколку месеци, појасни таа.