ОД СИНДИКАТОТ СЕ ЗАКАНИЈА : ЛУЃЕТО ЗЕМАЛЕ КРЕДИТИ СЕГА ЌЕ ОСТАНАТ НА УЛИЦА, АРСОВСКА ДА ГИ ВРАТИ ОТПУШТЕНИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ВОДОВОД ИЛИ ЌЕ ЈА БЛОКИРАМЕ ИЛИНДЕНСКА ПА И ТАА ДА НЕ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ НА РАБОТА

0
494

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации Марјан Ристески рече ако Арсовска не ги прими на состанок и не се реши овој проблем ќе го блокирале Град Скопје и булеварот Илинденска за да не може таа да си дојде на работа.(Фото: К. Попов)

Конфедерацијата на синдикални организации денеска на прес-конференција побара од градоначалничката Данела Арсовска да ги врати на работа 100-те работници од ЈП „Водовод и канализација“ за кои рече дека нема да им бидат продолжени договорите. Претседателот Марјан Ристески рече ако Арсовска не ги прими на состанок и не се реши овој проблем ќе го блокирале Град Скопје и булеварот Илинденска за да не може таа да си дојде на работа.

„Застануваме целосно зад вработените во ‘Водовод‘ кои градоначалничката рече ќе ги отпушти. Мора да престане праксата политичарите својот гнев да го истураат врз вработените. Па дел од овие вработени имаат земено кредити, не дај боже да зеле некој од оние брзи кеш кредити. Бидејќи знае да упаѓа на прес-конференции еве нека дојде да ја расчистиме ситуацијава“, рече Ристески.

Тој кажа дека не е точно дека овие луѓе ништо не работеле туку тие постојано со клешти и лопати во рацете и работат на канализационата мрежа.

ИЗВОР СДК.МК