ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ОДГОВОРИ НА ЛАГИТЕ ОД КУРТОН ПОРТАЛОТ ,,МАРКУКУЛЕ” ВО ВРСКА СО ЗАВРШЕНИТЕ РАБОТНИ ДОГОВОРИ НА НЕКОЛКУ АДМИНИСТРАТИВЦИ : „Никој не е избркан и нема да биде избркан, ниту еден вработен во администрацијата, тоа се ефтини лаги и спинови на локалното ВМРО-ДПМНЕ!

0
2418

„Ниту сум избркал, ниту имам намера да бркам некого.Да појаснам за што станува збор. Договорите кои претходниот градоначалник им ги склучил на шеесетина лица, истече на 31 декември. Со истекот на договорите, заврши и работата на тие лица. Претходниот градоначалник сметал дека нивниот ангажман треба да биде до 31.12.2017 година и јас тука ништо неможам да направам. Она што во иднина треба да го работи општинската администрација, онолку колку што мислам дека ќе има потреба од вработени, ќе ангажираме толкав бро јна квалитетни и стручни кадри. Ни случај но нема да биде како досега, вработените да ги држиме на ‘стенд бај’ само за да служат како гласачка машинерија. Вработувањата ќе бидат на неопределено време, на јавен оглас каде ќе можат сите да конкурираат и ќе бидат избрани најдобрите.

Така што, сето ова што беше кажано се само лаги и манипулации на некои портали и на ВМРО-ДПМНЕ. Ова прашање треба да му го постават на претходниот градоначалник, не мене“, изјави градоначалникот Илија Јованоски, одговарајќи на новинарско прашање „дали е вистина дека со амин на градоначалникот се избркани одредени кадри од општината, за што обвинуваа и некои партиски портали“.

Оваа изјава е дадена за време на денешната прес конференција што Јованоски ја одржа со „Локалниот спортски сојуз-Прилеп“, по успешно реализираниот хуманитарен турнир во мал фудбал „СветиНикола 2017“, на кој што беа собрани околу 180.000 денари, средства што ќе бидат инвестирани во Центар за деца со детска парализа, што наскоро ќе биде отворен во Прилеп.