ГРУЕВСКИ, ВМРО-ДПМНЕ И ДИМИТРИЕВ БАРАЛЕ ОД ФЕЈСБУК И ЈУТЈУБ ДА СЕ ОСТРАНАТ СИТЕ СОДРЖИНИ СО КОИ СЕ КОМПРОМИТИРАЛ РЕЖИМОТ!?

0
1704

ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски пред четири дена испратие две барања,едното до каналот YOUTUBE, и другото до социјалната мрежа Facebook, но скандалот да биде поголем, паралено барање било испратено и од кабинетот на премиерот Емил Димитриев со иста содржина, дознава Охридскај.

Како што стои во  испратените барања, од ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, и кабинетот на премиерот на владта Емил Димитриев, од каналот Youtube, било побарано веднаш од нивниот канал да бидат остранети , или блокирани сите објавени материјали, а кој имале било каква врска со нелегално прислушуваните материјали, а кој биле поставени на каналот Youtube од повеќе корисници кој имале свој акаунт на каналот Youtube. Образложението кое го истакнале до каналот Youtube,било дека, материјалите кој се објавени се монтирани и не содејствувале со вистинска содржина , а каналот Youtube, на тој начин со дозвола на објава на содржините, директо го рушел внатрешнијот и надворешниот имиџ на Р.Македонија, а и нанесувал ненадоместлива штета на Р.Македонија. Доколку не се остранеле содржините објавени на каналот Youtube, Р.Македонија, политичката партија ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски ќе поднесле тужба пред меѓународниот суд во Вашингтон, стоело во дописот до каналот Youtube! Како што дознава Охридскај од каналот Youtube, стигнал експресен одговор, со кој подносителите ги известиле дека сите корисници кој имаат акаунт на каналот Youtube,се согласиле со политиката на приватност на компанијата Youtube, и нема да остранат или блокираат ниту еден поставен материјал.

Барање со иста содржина било доставено и до социјалната мрежа Фејсбук.Од социјалната мрежа фејсбук биле остранети 10 поставени видео материјали, и суспендирани над 200 макеоднски профили, за кој подносителите тврделе дека се лажни профили,кој имале намера да предизвикаат верска и национална омраза. Како што дознава Охридскај времено биле избришани 200 профили, но на ракција на сопствениците ,кој испратиле електронска пошта до компанијата Фејсбук, каде прикажале и Персонал Кард-Лична карта, веднаш од фејсбук биле вратени 162 профили. Коресподенцијата помеѓу Македонија и прставништвото на фејсбук во Лондон, ја водел Александар Николовски, со акредатација која пред 5 години му била издадена од екс министрката на МВР Гордана Јанкуловска, дознава Охридскај.