Давидовиќ и Младеновски: Да го одбраниме СЈО

0
1523

Да не дозволиме да го укинат Специјалното јавно обвинителство (СЈО), ова се поракиоте на долгогодишниот адвокат по кривично право, Ѕвонко Давидовиќ, и на младиот активист на Шарената револуција, Александар Младеновски, кои денеска се обратија на Собирот на „шарените“ кој се одржува во знак на поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, објави НОВА.

– Тука сме за да ги потсетиме пратениците дека тие ја изгласаа Катица Јанева и дека треба да го почитуваат СЈО и дека треба да ги донесат законските измени за законот за заштита на сведоци којшто таа ги бара. Пратениците прво да си ги преиспитаат членовите на Советот на јавни обвинители и нивните капацитети – рече Давидовиќ осврнувајќи се на нападите врз Јанева на адреса на нејзината компетенција до страна на пратениците од власта.

Активистот Младеновски зборуваше за поделеноста меѓу граѓаните и последиците од истата упатувајќи апел за поддршка на СЈО како тело кое треба да ја врати довербата на граѓаните во институциите.

– Не делат по сите основи, на Македонци и Албанци, на патриоти и комуњари и тоа е срамно, а истовремено, сме сведоци на масивниот егзодус на младите. Да не дозволиме да го укинат СЈО кое е единствената некорумпирана институција – рече тој.