Заев од Битола: Сиљановска и Мицкоски се само ново лице на стариот режим

0
1038

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната трибина во Битола рече дека Мицкоски и Гордана Сиљановска се ново лице на стариот режим на Никола Груевски.

-Го слушам Мицкоски, математичарот којшто повеќе ги помешува бројките. Едно исто со години, ништо ново. Тоа е едно празно множество, нема ништо тука, ниту предлог, ниту алтернатива, ниту решение, ништо. Каде беше Сиљановска 11 години нешто да искоментира, кога немаше слобода на медиумуите, кога се тресеа граѓаните, кога беа осиромашени и обесправени. Зошто молчеше? Тоа е само ново лице на стариот режим на Груевски и ништо друго. Во недела да излезем и да им упатиме порака: режим никогаш повеќе во нашата Македонија, рече Заев на трибина со граѓаните во Битола.