ЕКСКЛУЗИВНО: Еве за што беше денешната бомба, еве какви злосторства амнестирале бандитите на ДПМНЕ и ДУИ по наредба на Грујо кој се пржел ко јајце на око на некоја плажа и менаџирал се по телефон!

0
2910

mavrovskirabotnici

– Нема место за меѓународна експертиза и за автентично толкување, бидејќи со Законот се изземени кривичните дела поврзани со воени злосторства, кои не застаруваат – вели професор по кривично право.
Умираат обвинетите во „Мавровски работници“

„Мавровски работници“ е единствениот од четирите случаи за кој кривичниот суд Скопје1 го почна судењето. Обвинети се 22 лица. Од нив, тројца веќе се мртви, десет се достапни за судот, а преостанатите деветмина ги нема. Во саботата во затворот „Идризово“ се самоуби Саит Рушити, еден од обвинетите во случајот „Мавровски работници“. Официјалната верзија е дека се обесил со затворските чаршафи. Рушити е трет од обвинетите што веќе не се меѓу живите и чија смрт остава простор за сомневања. Неговото самоубиство се надоврзува на смртта на Шабан Зенуни, кој загина во полициска акција кај Радуша пред десетина дена, и на Башким Рустеми, кој настрада во оружена престрелка во мај 2007 година. За нив тројцата е запрена судската постапка.

Од позвучните имиња, за судот не е достапен Џевад Џемаили, брат на пратеникот Хисни Џемаили.

71FF5B266489804594551C1C9D82A23D

(пратеникот Хисин Џемаили од ДУИ)

Поминаа две години откако Министерството за правда ги достави до Јавното обвинителство случаите „Липковска брана“ и „Непроштено“. Во првиот случај осомничените се товарат за хуманитарна катастрофа поради тоа што ја затвориле браната во Липково и 120 илјади граѓани на Куманово четириесет дена останаа без вода за пиење. Меѓу осомничените за овој случај е пратеникот на ДУИ Хајрула Мисини, на кого по низа перипетии му беше одземен пратеничкиот имунитет. „Непроштено“ се вика случајот за 12-те киднапирани Македонци од реонот на Тетовско. Постојат сомневања дека еден од виновниците за киднапирањето е Даут Реџепи-Лека, поранешен член на ДПА, сега независен пратеник во Собранието.
Од Основниот суд Скопје 1 велат дека е завршен нивниот дел од работата.

– Ја завршивме истрагата за овие два случаи и ги испративме на понатамошно постапување во Јавното обвинителство. Сега ја чекаме одлуката на Обвинителството – изјави Владимир Туфегџиќ, портпарол на Основниот суд Скопје1.

Судскиот процес „Мавровски работници“ отиде најдалеку во судската постапка. Досега одбрана дадоа првообвинетиот Шкодран Идризи и пратеникот Хисни Џемаили. Идризи се бранеше дека виновни за изживувањето врз петте мавровски работници се Саит Рушити, кој пред четири дена се обеси во „Идризово“, и Кренар Османи. За сведоци ги повика Хазби Лика, како главен командант на тој реон, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Џемаили се бранеше со аргумент дека ОНА не војувала со цивили.

Најмистериозен е случајот наречен „Водство на ОНА“. Осомничени се десетина поранешни лидери на ОНА, сега членови на ДУИ, вклучувајќи го и Ахмети. Се товарат за командна одговорност за воени злосторства, како масакрот на војници и полицајци во близината на Вејце.

Сé уште никој не открива кој и зошто го крена во воздух мотелот „Бриони“ во кој врзани за столбовите загинаа Светислав Трпкоски и Боге Илиески, двајцата вработени како чувари. Мотелот „Бриони“ беше кренат во воздух на 26 август 2001 година, пет дена по минирањето на Лешочкиот манастир. Двата настани се случија две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Случајот „Бриони“ и убиство на двајцата цивили од Челопек се исто така дел од случај „Водство на ОНА“.

Хашките случаи ќе отворат многу работа

Пратениците-Албанци сметаат дека со отворањето на хашките случаи се отвора „Пандорината кутија“, која ќе изнесе на виделина и други настани од 2001 година.

– За настанот кај Липковската брана се виновни македонските безбедносни сили што ја спречија водата, а ние не бевме во состојба да интервенираме. Има и други случаи, како тој во Ваксинце, каде што населението што го напушти селото беше фатено и малтретирано кај полициските пунктови. Од малтретирањето почина и оџата од Ваксинце. Сите ние молчевме за овие случаи за да се постигне помирување во Македонија и да не се навраќаме на конфликтот во 2001 година – вели поранешен командант на ОНА, сега пратеник на Нова демократија.

Ахмети одамна бара правна експертиза на Законот за амнестија од домашни и странски правници. Своевремено тоа беше барање и на ДПА. Партијата на Мендух Тачи отиде чекор подалеку – му напиша писмо на Јап де Хоп Шефер, генерален секретар на НАТО, од кого бараше помош да запрат случаите. Потоа ДПА достави иницијатива за автентично толкување во Собранието. Иницијативата им беше вратена на нивните пратеници поради процедурални пропусти. Собранието никогаш не расправаше и не даде автентично толкување. Тоа беше и една од причините поради кои пратеничката група на ДПА пред осум месеци излезе од Собранието и оттогаш ги бојкотира седниците во законодавниот дом.

Во почетокот на 2008 година, кога случаите стигнаа од Хаг, властите тврдеа дека целиот трансфер е направен во согласност со Законот за соработка со Трибуналот. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски уште тогаш толкуваше дека за нив нема амнестија.

Единствениот случај од конфликтот во 2001 година за кој Хашкиот трибунал постапуваше е за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и за Јохан Тарчуловски, обвинети за смрт на цивили-Албанци во селото Љуботен, во август 2001 година. Судот го ослободи Бошковски, а за Тарчуловски ја потврди казната од 12 години затвор.

капетанот Етхеми Шевал алијас командант ВАЛЈОНИ од УЧК кој беше обвинет за воени злосторства за случајот “мавровски работници” а ДПМНЕ ги амнестира во 2012-та година, а истиот е на служба во АРМ, на втори август со наредба на командантот на ЗОК Методија Величковски е поставен на повисока позиција која му овозмозува на 18 август истиот од страна на нацалникот на генералстабот да биде унапреден во чин МАЈОР?! А што е најјако именуваниот нема сертификат за работа со класифицирани информации што е еден од клучните услови за добивање на чин Мајор.

Истот Валјони во 2012-та година беше упатен во мисија во Авганистан без безбедносен сертификат и нормално НАТО му го ограничува движењето низ безбедносните зони во кои се работи со такви информации, т.е истиот можел да оди само во кујна и во спална…

Министерот Талат Џафери околу анонимното писмо од вработен во АРМ во изјава за Либертас вели дека засега нема ништо официјално, но не гледа ништо спорно доколку капетанот Етхеми Шевал, алијас командант Валјони, на денот на армијата добие повисок чин и стане мајор.

-Ако капетанот ги исполнува условите ќе биде унапреден. Писмото не сум го видел, но обвинувањата дека тој е еден од тие што го направиле злочинот со Мавровските работници се покажаа како неточни. Тој е ослободен од обвинението и работи како офицер во армијата – изјави министерот Џафери за Либертас.

Тој тврди дека за чин мајор не е точно, како што се тврди во анонимното писмо, дека е потребен сертификат за работење со класифицирани информации.

-Таков сертификат е потребен ако е поставен на место кое го бара тоа, но не и за чинот мајор – додава Џафери.

ЈАС НЕ СУМ ЅВЕРОТ, АЛИ АХМЕТИ ЗНАЕ КОЈ Е

shkodran

Јас сум жртва, немам врска со тој настан, жал ми е за луѓето, но јас не сум ѕвер. Тоа е дело на еден висок партиски функционер во една ал­бан­ска партија и на неговата фамилија, и ако има фер судење ќе кажам сe, вели Идризи кој 5 години легално живее и работи во Дизелдорф. Ид­ри­зи тврди дека е невин за случајот “Мавровски работници” и оти е на­мес­тен од, како што вели, “албанскиот политички фактор во Ма­ке­до­ни­ја”. Се заканува дека ако биде донесен на судење кое нема да биде по­ли­тич­ки монтирано, ќе каже по име и презиме кој ги киднапирал ра­бот­ни­ци­те, кој го наредил грабнувањето и кој се изживувал ѕверски над нив

Шкод­ран Идризи, првообвинетиот за ѕверското изживување врз мавровските ра­бот­ни­ци во 2001 година, е на слобода во Германија, а не, како што тврди Ми­нис­терс­тво­то за правда, дека е во притвор од 26 март годинава. “Вест” го најде и разговараше на телефон со Идризи и тој тврди дека живее и оди на работа во Диселдорф.
Ид­ри­зи вели дека само една недела бил во притвор. Потоа веднаш бил пуш­тен од затвор од германските власти. За Идризи има ма­ра­тон­ска постапка за екстрадиција и тој, од необјаснети причини, сe уште не е до­не­сен во Македонија.

Ид­ри­зи тврди дека е невин за случајот “Мавровски работници” и оти е на­мес­тен од, како што вели, “албанскиот политички фактор во Ма­ке­до­ни­ја”. Се заканува дека ако биде донесен на судење кое нема да биде по­ли­тич­ки монтирано, ќе каже по име и презиме кој ги киднапирал ра­бот­ни­ци­те, кој го наредил грабнувањето и кој се изживувал ѕверски над нив.

“Јас сум жртва, немам врска со тој настан, жал ми е за луѓето, но јас не сум ѕвер. Тоа е дело на еден висок партиски функционер во една ал­бан­ска партија и на неговата фамилија. Ако се вратам и ако ме праша Судот, а не да ме осудат автоматски, јас и мојата фамилија, и сите сведоци што ги знам ќе кажеме сe што знаеме за тој настан”, се заканува Шкодран Ид­ри­зи, кој вели дека пет години во Германија живее под притисок и кажува дека е исплашен за својата безбедност во Македонија.”Си­те знаат кој им го правеше тоа на работниците, знаат и истражителите од Хаг, на германските власти им кажав сe”, вели Идризи.

“Ни­е­ден што е на списокот со 23 обвинети, па дури ни пратеникот Хисен Џе­ма­и­ли, нема врска со настанот. Знае МВР, знае и Судот дека е така. Си­те обиди сведоци да допрат до истрагата и да кажат кој го изврши делото, ка­ко и тоа дека ние не сме бараните луѓе, завршија без успех. На сите све­до­ци што се понудија им било кажанодека ќе ги побараат во текот на суд­ска­та постапка, ако затреба”, тврди Шкодран Идризи.

Влаз­рим Идризи, брат на Шкодран, вели дека луѓето што го испланирале кид­на­пи­ра­ње­то и што ги мачеле петтемина цивили од ГП “Маврово”, се во влас­та.

“Тие се на слобода, тие се во МВР и во судството и нив ги штити др­жа­ва­та”, вели Влазрим Идризи, поради што вели дека е песимист оти ќе има фер судење ако биде екстрадиран брат му.

Во Министерството за правда, пак, објаснуваат дека досега имаат до­би­е­но само едно единствено известување од Германија во врска со Шкодран Ид­ри­зи. Известувањето било од 26 март и во него се вели дека Шкодран е лишен од слобода по судската потерница од Основниот суд во Тетово.
“Сe додека не добиеме ново, за нас важи тоа известување. Немаме ни­как­ва дополнителна информација за постапката, ниту до каде е ниту што пра­ви Идризи, освен што во јуни беа побарани дополнителни информации за него. Ние ги испративме дополнителните информации, и толку”, об­јас­ну­ва­ат во Министерството зошто цело време сметале дека Идризи сe уште е во притвор.

Из­не­на­де­ни се и во Кривичниот совет од Одделот за организиран кри­ми­нал, кој го води судскиот процес. “Не е возможно првообвинетиот да не е во притвор”, вели судија од Советот.

Ахмети ја знае вистината

Шкод­ран Идризи апелира до судските органи за случајот да го прашаат прет­се­да­те­лот на ДУИ Али Ахмети.

“Зош­то никој не го прашува Ахмети, па тој знае сe. Тој знае и кои се ор­га­ни­за­то­ри и извршители на киднапирањето на работниците. Знае дека не сум ѕвер. Знае кој дејствуваше во Желино кога бевме во ОНА, знае и дека јас не бев таму”, вели Идризи.

“Не можам да одговорам од името на претседателот на ДУИ Али Ахмети на про­зив­ки­те од Шкодран Идризи. Лидерот барајте го во се­диш­те­то на партијата во Тетово. За малтретирањето на мавровските работници си­те знаат кој го стори тоа. Знаете сигурно и вие”, вели пратеникот Џевад Аде­ми, без да открива имиња. Тој рече дека е на годишен одмор и за из­ја­ва од Ахмети, нe упати во Тетово.

“Ја­ве­те се таму, Ахмети никогаш не е на одмор”, ни рече Адеми. Но на централата во седиштето на ДУИ вчера цел ден се вклучуваше факс сигнал.

Идризи е внук на експратеникот на ДПА Рамадани

Шкодран Идризи е внук на поранешниот пратеник на ДПА Агим Рамадани.

На нашето прашање зошто не се обидел, во меѓувреме, и преку ДПА, втората вли­ја­тел­на албанска партија да го смени текот на истрагата и да ги докаже сво­и­те тврдења за невиност, Шкодран вели дека сите политичари, без оглед од која албанска партија се, се обидуваат да го убедат дека македонската по­ли­ци­ја и Обвинителството го наместиле да биде тој жртва.

“Јас не ве­ру­вам дека тоа докрај е точно”, вели Идризи.

Татко на две деца и со регулиран престој во Германија

По ослободувањето од притвор во 2002 година, како 20-годишник, Шкод­ран Идризи без проблем заминал во Германија. Неговото семејство вели де­ка тој бил ослободен од секаква одговорност, бидејќи случајот го пре­зел Хашкиот трибунал, па затоа и Шкодран немал пречки да извади виза.
Тој во Германија не избегал туку отишол на печалба, тврди семејството. Тој последниве 5 години има регулиран престој, а живее и работи во Диселдорф. Се оженил за ма­ке­дон­ска Албанка што ја запознал во Германија и со неа има две деца.

Првата потерница против Шкодран дури лани

Про­тив Шкодран Идризи потерница е распишана дури лани, и тоа по барање на Ос­нов­ни­от суд во Тетово каде што во 2007 година тој бил осуден за фал­си­фи­ку­ва­ње исправа. Се бара за да ја одлежи казната. Дури подоцна би­ла распишана потерница, по барање на Судот за организиран криминал, за обез­бе­ду­ва­ње негово присуство како првообвинет во хашкиот случај “Мав­ров­ски работници”.

Ид­ри­зи вели дека на германските власти им покажал документ во кој, на­вод­но, поранешната главна хашка обвинителка Карла дел Понте навела дека за него не­ма­ло докази за злосторството врз работниците. Не­го го нема ни на сајтот на МВР меѓу објавените фотографии на бараните кри­ми­нал­ци со меѓународна потерница. Во МВР објаснуваат дека во даден мо­мент има само 30 до 50 фотографии на сајтот, а се бараат од 500 до 1.000 осом­ни­че­ни.

Несуден почеток на судењето

Су­де­ње­то за малтретирањето на мавровските работници и по една година ни­ка­ко да почне во Одделот за организиран криминал во Основниот суд Скоп­је 1. Освен Шкодран Идризи и Фадиљ Ферати, единствениот што е ре­чи­си 100 проценти редовен на сите рочишта, за ова воено злосторство об­ви­не­ти се уште 21 лице, бивши припадници на ОНА, меѓу кои и пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, но и Кренар Османи, кој е во бегство. Цело време са­мо тројца доаѓаат на судење, останатите се недостапни.
И во 2001 година имаше обид да почне судскиот процес, дури беше за­ка­жа­но и едно рочиште. Шкодран Идризи и Фадиљ Ферати, како главни об­ви­не­ти за малтретирањето, кои беа уапсени кратко време по настанот, прес­то­ју­ваа 13 месеци во притвор. Но судско-обвинителските власти ги ос­ло­бо­ди­ја, кога Хашкиот трибунал го зеде предметот во своја над­леж­ност.

Мавровските работници живеат во беда

Пет­те­ми­на работници на ГП “Маврово” беа киднапирани на автопатот во те­тов­ско­то село Желино на осми август 2001 година, во моментот кога ја обе­ле­жу­ва­ле сообраќајницата. Според обвинението, киднапирањето го из­вр­ши­ле 30-ина луѓе, членови на ОНА. Недол­жни­те цивили биле однесени во непознат правец и цел ден ѕверски из­ма­чу­ва­ни, тепани и сечени по телото, а потоа пуштени. Од почит кон жрт­ви­те и кон нивните семејства, детали од обвинението нема да изнесуваме.

По тортурата врз нив, кога едвај се довлечкале до Тетовска болница, Фикрет Нухиу, лекарот од Итна помош, им рекол дека не им е ништо, по­ка­жу­вај­ќи им ја вратата. Раскрвавените луѓе ги згрижиле медицинските сестри и друг лекар.
Не се знае дали имаше судска завршница поднесената кривична пријава против Нухиу.

Шабан Синанов не дочека да види дали ќе бидат казнети луѓето што го малтретирале него и неговите четворица колеги. Тој почина лани, од цироза на црниот дроб. Неофицијално, претходно и еден од останатите негови колеги се самоубил. Но, никогаш информацијата не се потврди, зашто ниту еден од нив, сиве овие години додека ја чекаат правдата, не се појави во јавноста да зборува за настанот.

Соседите велат дека мавровските работници од Куманово живеат со социјални проблеми, бидејќи немаат постојано вработување.Тие не се појавуваат ни на закажаните судски рочишта. Немаат обврска за тоа. Последен пат кога разговаравме со нив, рекоа дека се двојно понижени, еднаш од киднаперите, вторпат од Хашкиот трибунал кој ги отфрли нивните случаи.

Пред пет години бил уапсен уште еден од обвинетите за Маровски работници. Кадри Сулејмани (35) бил приведен во 2010-та од полицијата додека со автомобил се движел по една од гостиварските улици. Приведувањето на Сулејмани го потврдија од МВР, но за подетални информации ни рекоа да се обратиме до судот.  По неколку часа поминати во полициска станица, обвинетиот, кој досега беше недостапен за судските власти и за полицијата, бил префрлен во истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, каде што ќе ја издржува мерката притвор што му беше одредена во отсуство.

Кадри Сулејмани бил еден од дваесетте обвинети припадници на ОНА за бруталното малтретирање на мавровските работници, кое се случи во 2001 година кај Групчин. Македонската јавност сé уште ја очекува екстрадицијата на Шкодран Идризи, кој пред неколку недели беше уапсен од германската полиција и кој конечно треба да се седне на обвинителната клупа, на која сé уште недостасуваат неколку од обвинетите.

(сторијата е правена со материјали од Нова Македонија и Вест)