ГЛАВНИОТ ОСОМНИЧЕН ВО ФЕНИКС БИЛ РОДНИНА НА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ, ОД СОВЕТНИК ВО ЦЕНТАР СТАНАЛ ГАЗДА НА ХОТЕЛИ ВО СКОПЈЕ И ТРСТ?!?!

0
3030

Во групата осомничени се 15 лица од кои има и обвинети за перење на парите. Стартот на апсењето на осомничените вчера попладне започнал по сознанието на истржните органи дека оперцијата најверојатно е провалена и еден од осомничените, непотврдено тоа бил Владимир Здравев, е уапсен на преминот Табановце во обид да ја напушти државата. Тоа било сигнал за обвинителството дека лицата треба да бидат приведени.

Здравев како претседавач на советот на општина Центар преку која се набавувале и во чија сопственост се спомениците кои се предмет на истрагата за злоупотреба, од касата на општината исплатил и 1,5 милиони евра само за патувања и престој во Италија со образложение дека тој со екипа оди да изврши проверка до каде се и какви се спомениците. Според обвинителот Лапе тој даде пример дека споменик кој кај нас е фактуриран и се исплатени 4,5 милиони евра од леарницата во Италија добиле фактура дека тој споменик чини и е наплател за половина помалку односно 2,3 милиони евра. Инаку Здравев кој два мандата беше претседавач на советот на Центар, во еден мандат со градоначалник Аларова и во втор со Тодоровиќ, е во роднински врски со Мијалков и Груевски.Тој во меѓувреме го изгради хотелот „Солун“ на улица Македонија а од пред повеќе од една година е сопственик и на хотел во Трст Италија.