ДРИН АХМЕТИ ДОБИЛ 80.000 ЕВРА И ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ

0
806

Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој е актуелен во јавноста откако стана сопственик на дел од деловниот центар Соравиа, пари добивал директно и од државата, односно од Фондот за иновации и технолошки развој, објави порталот МКД.На јавниот „Конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети добија пари за кофинансирање на иновации.

Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 3.102.998 денари (50.000 евра) запроектот „Daтa management Efficiency System).Од фотографии по социјалните мрежи може да се види дека Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој е во блиски односи со семејството Ахмети, пишува МКД.