Јавно испраќам молба до г-динот Мендо Бакаловски, претседател на организацијата “Обединети Македонци” во Канада, во иднина да не се обраќа во име на МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА.

0
1780
Г-динот Бакаловски може да се обраќа во име на НЕКОИ Македонци од Канада, или во име на само неколку луѓе од организацијата за која што ретко кој од Македонците во Канада знае дека воопшто постои.
На последните избори одржани пред девет дена, ДПМНЕ освои само 320 гласови во цела Канада. За само две години оваа партија изгуби многу гласови. Од друга страна, бројот на гласови за СДСМ се зголеми за речиси тројно во однос на изборите во 2014 година. Од тие причини, г-дине Бакаловски, немате никаков легитимитет да испраќате соопштенија во име на целата македонска дијаспора во Торонто или Канада. Ацо Лукароски, претседател на Партиска организација на СДСМ во Торонто – Канада
Вака би одел текстот, за да има некаков контекст
Партиската организација на СДСМ во Торонто – Канада реагира на соопштението кое што Организацијата „Обединети Македонци“ од Канада го испрати во јавноста во Македонија. Г-динот Мендо Бакаловски, претседател на организацијата, се обраќа во име на МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА.
Му порачуваме во иднина да се обраќа во име на само ДЕЛ од Македонците во Канада, или во име на само неколку луѓе од организацијата за која што ретко кој од македонските иселеници во Канада знае дека воопшто постои. На последните избори одржани пред девет дена, ДПМНЕ освои само 320 гласови во цела Канада.
За само две години оваа партија изгуби многу гласови. Од друга страна, бројот на гласови за СДСМ се зголеми за речиси тројно во однос на изборите во 2014 година. Од тие причини, г-динот Бакаловски, нема никаков легитимитет да испраќа соопштенија во име на целата македонска дијаспора во Торонто.
Ацо Лукароски, претседател на Партиска организација на СДСМ во Торонто – Канада