ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕСТИТКИ ДО ПОЛИЦИЈАТА

0
770

Демократскиот сојуз на сите припадници на полицијата и службите за безбедност им го честита 7-Мај, Денот на Полицијата.

Во услови на вонредна состојба поради вирусот Ковид 19, полицијата и службите за безбедност извршуваат исклучително сложени задачи за да го заштитат здравјето на граѓаните и да спречат ширење на коронавирусот.

Одржувањето на јавниот ред за време на полицискиот час, контрола на изолацијата и самоизолацијата на граѓаните, обезбедување на границата и граничните премени, како и другите безбедносни задачи бара висок степен на посветеност и одговорност од секој припадник на полицијата.Затоа од сите нас ја заслужуваат поддршката и честитките.

Честит 7-Мај, Денот на Полицијата.

Ви благодариме на соработката

Скопје,07.05.2020 година