ГЕРМАНИЈА ИМ ЗГРМИ НА НЕПОСЛУШНИТЕ ЏЕРМАНЦИ : Ако не се придржувате до мерките, за три месеци ќе има 10 милиони инфицирани

0
1425

Лотар Вилер, претседател на германскиот институт Роберт Кох, ги предупреди денеска граѓаните на Германија дека ако не се придржуваат до мерките на Владата, за три месеци во државата ќе има 10 милиони инфицирани со новиот коронавирус.

Вилер додаде дека такво сценарио може да се случи ако не се применуваат мерките од Владата.

Според него, во тој случај смртноста би била меѓу два и три отсто, што значи дека на Германија и се заканува смрт на 200.000 до 300.00 луѓе.

– Има постојан тренд на раст на епидемијата, нагласи Вилер на пресконференција од каде ги повика граѓаните да ги намалат социјалните контакти. Во меѓувреме, Институтот регистрираше околу 8.200 потврдени инфекции што е за илјада повеќе од вчера.