(ВИДЕО) Пендаровски: Прогласувам вонредна состојба на целата територија на земјата

0
943

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во вонредното обраќање до јавноста вечерва информираше дека предмалку ја потпишал одлуката за вонредна состојба на целата територија на целата држава на 30 дена, заради заштита и справување од последиците од вирусот Ковид 19.

Како што кажа, првиот пат кога Собранието ќе може да се состане да одлучи за евентуално продолжување на вонредната состојба.

Рече дека со ова, Владата ќе има можност да носи одлуки со сила на закон, без за тоа да треба да одлучува Собранието.