(ВИДЕО) ЗАЕВ: ВО ПРЕГОВОРИ СМЕ СО НАРОДНА БАНКА И СО БАНКИТЕ ДА СЕ ОДЛОЖАТ РАТИТЕ ОД КРЕДИТИТЕ НА ФИРМИТЕ И ГРАЃАНИТЕ!

0
1221

Прво мора да го стабилизираме буџетот и во моментот верувам дека Министерството за финансии подготвува да побараме евтини пари. Ќе повлечеме кредити, повлекоа Германија, Америка, повлекуваат сите земји. И ќе повлечеме кредити секако знаејќи дека тие кредити треба да ги враќаме.

Ќе повлечеме толку колку што претпоставките, анализата на аналитичарите тоа го велат. Едно е заради стабилност на буџетот, прво за здравје мора да имаме, мора да ги обезбедиме, социјалните трансфери, пензиите и сите други трошоци во државата. Притоа државата треба да биде и доволно силна да помага. Насекаде во светот се преземаат мерки кои што се јавно достапни, ги читаме.

Дел од тие мерки кој што денеска беа претставени во Владата се многу истоветни и соодветни на мерките од земјите од регионот, па дури и од современите и развиени европски земји, членки на ЕУ. Така што јас денеска ќе кажам дел за тие мерки и ќе кажам секако дека ќе има и други мерки.

Прво многу е важна мерката што банките прифатија сугестијата на народната банка Гувернерката ќе предложи на советот на народната банка да ги одложи резервациите, заради тоа што секое доцнење за наплата на кредитите од граѓаните банките го ставаат како резервација. Тоа е дополнително трошок за банките во народната банка. Ако Народна банка ја тргне таа резервација верувам дека советот ќе донесе позитивна одлука веднаш банките ќе ги одложат наплатата на ратите на граѓаните и на компаниите кои се погодени од кризата. Верувам дека тие што не се погодени во кризата редовно ќе си ги плаќаат сите обврски па и ратите, а и тие што имаат повеќе ликвидни средства, апелирам авансно да платат даноци на државата.

Ако имаат пари, стојат на сметката, на својата земја ќе ѝ ги уплатат како авансни давачки. Сето тоа ќе ни биде на располагање да можеме да помагаме, а знаат сите дека ако сега немаат обврски, ќе имаат во август, ќе имаат во септември. Тоа би било од помош, би било акт на солидарност и сериозно ќе го почитуваме. Тоа значи дека банките, колку што знам јас, за ратите во мај, април, јуни ќе бидат одложени и ќе ги информираат своите клиенти, со завршувањето на кризата да продолжат да ги плаќаат ратите додека заврши тој мораториум, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција.