Денеска (17.07.2023) Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Л., вработена во Отсек за управни работи Штип за Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 5 вв став 1 и 2 вв чл.45 од Кривичниот законик.
Притоа, таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на буџетот на РСМ.
Воедно, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.