ЕВЕ ШТО ОСТАВИЈА ЗАД СЕБЕ ВМРО ДПМНЕ И СТЕВЧО МУЊА ВО КАРПОШ: САЛАТА „ПАРТИЗАН“, ПОДАРОК ОД ФРАНЦИЈА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ, СЕ РАСПАЃА, РАЗУРНАТА И ЗАПАЛЕНА

0
1433

Култната сала „Партизан“, местото каде карпошани но и граѓани од другите скопски населби се собираа да спортуваат, сега е разурната, искршена, во делови запалена, затрупана со бетон, цигли, ѓубре, шут, стакло и кога ќе влезете внатре помислувате дека во секој момент може целосно да се урне.(Фото: Ѓ. Личовски)

Како донација на француската влада за обнова на Скопје после земјотресот, во 1969 година во населбата Карпош беше изградена спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ или позната кај скопјани како „Партизан“. Денеска, 50 години подоцна, како земјотрес да ѝ се случил на салата, со исти размери како оној катастрофалниот кој го разурна Скопје и поради кој таа беше изградена.

Репортажа на СДК.МК