ВИЦЕПРЕМИЕРОТ МАРИЧИЌ ДОМАЌИН НА БУН, ЛИРМАН И ШИНКОВСКИ ВЕЛ СЕНК

0
663

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ ќе биде домаќин на „Вајмарската тројка“, Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, кои доаѓаат во дводневна официјална посета на Скопје.

Утре вицепремиерот Маричиќ ќе одржи работен состанок со Лоранс Бун, Ана Лирман, Шимон Шинковски вел Сенк, на кој тема на разговор ќе бидат преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес, по што ќе следуваат изјави на заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, со претседателот на Републиката, Стево Пендаровски и со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи.

Во вторник министерка за Европа и за клима на Сојузна Република Германија, Ана Лирман, ќе учествува на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, кој го организира Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ).