ВМРО-НАРОДНА ЌЕ ГЛАСА ЗА ИЗМЕНИТЕ НА УСТАВОТ

0
784

ВМРО-Народна партија речиси со сигурност ќе гласа за усвојување на уставните измени и внесување на бугарското малцинството во Преамбулата.

Партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати јасна и недвосмислена поддршка во однос на овој процес што треба да започне во Собранието.

„Сметаме дека со овие предлог уставни промени конечно Северна Македонија ќе добие избалансиран Устав кој во никој случај не го загрозува идентитетот, кој ќе не ослободи од багажот и потешкотиите со кои се соочуваме веќе години наназад, а притоа и ќе ни го отвори патот кон Европската унија“, соопшти ВМРО-Народна партија. .