Еве какво лајно е вечен претседател на Светски Македонски Конгрес, Тодор Петров : Киро Глигоров гние во Бутел, набргу друштво ќе му прави и Црвенковски

0
2356

Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес и поранешен пратеник, прави анализа зошто треба ВМРО-ДПМНЕ да добие 62 пратеника.

Она што предизвика реакции со осуда на социјалните мрежи е ставот на Петров, дека, како што пишува Киро Глигоров денес гние на Бутел, а набргу друштво ќе му прави и Бранко Црвенковски.

Еве што напиша Петров:

ВМРО-ДПМНЕ побара парламентарно мнозинство и претседател на државата на престојните претседателски и парламентарни избори.

Читам еден коментар:

“Не можам да разберам зошто некој би барал апсолутно мнозинство во Собранието?“

Еве зошто: Мултиетничко ни е општеството, таква ни е и демократијата. За функционална демократија во Македонија, со ефективна власт без закани и уцени, потребно е една условно македонска партија или коалиција со парламентарно мнозинство, најмалку 62 од вкупно 123 пратеници. Во спротивно, при две поголеми условно македонски партии или коалиции во државата, без парламентарно мнозинство на која и да е од нив, во Македонија ќе решава условно албанската партија со мнозинство мандати пратеници Албанци по потекло во Собранието, затоа што тие ќе го формираат парламентарното мнозинство за владина коалиција, ослободени од контрола и одговорност, затоа што секогаш ќе може да ја сменат страната и да го рекомпонираат парламентарното мнозинство за нова владина коалиција без избори.

А, македонските партии или коалиции ќе лицитираат со државноста за да обезбедат мандат за власт, сечејќи си ја гранката на којашто седат и тие и целата држава. Се разбира, парламентарното мнозинство не е право и привилегија, туку обврска и одговорност повеќе на власта пред сите! Еве ги последиците од таа неразумна политика што ја измести државноста во старт, со тенденција да продолжи ако не се стави крај!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) заради владина коалиција со Партијата за демократски просперитет (ПДП) и претседателскиот мандат на Киро Глигоров по втор пат во 1994 година, спротивно на Уставниот закон за спроведување на Уставот од 1991 година, на повторениот попис, на околу 150.000 Албанци по потекло од Косово со времен престој во Македонија им даде и македонско државјанство. Таа мерка трајно ја смени етничката структура на населението во Македонија.

Претседателот на СДСМ заради владина коалиција со ДУИ, во 2002 година од позиција на премиер ја суспендира Државната пописна комисија која поднесе оставка заради пописните резултати коишто ги прогласи за груб фалсификат. Иако Германија се огласи дека бројот на Албанците не е повеќе од 17,9% во вкупното население, а реално не се ниту 13%, премиерот Бранко Црвенковски декларира дека бројот на Албанците во Македонија изнесува 25% и ја отвори пандорината кутија за рекомпонирање на државната и јавната администрација на етничка основа без реално учество на Албанците во вкупното население на Македонија.

Киро Глигоров денес гние на Бутел, набргу друштво ќе му прави и Бранко Црвенковски.

После ова харакири врз Македонија, што доби државата, што добија Македонците во својата држава Македонија од владеењето на овие двајца паразити кои ја упропастија државата чии претседатели беа?