(ВИДЕО) ТВ 24 ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГЛУПИРА: Откако го викнаа Љубчо да збори за кримнал во политиката, сега го викнаа најголемиот рекетар во новинарството да збори за аферата РЕКЕТ!

0
1229

Човекот сам си признава дека бил на платен список кај најголемите олигарси и тоа за суми од кои боли глава, значи по 50 000е од човек, значи поштено ги изрекетирал за да не ги ремети со клевети луѓето си платиле, и во ТВ 24 го викаат да збори за аферата РЕКЕТ?!?!

И нормално човекот ја користи телевизијата за да преку неа ги рекетира Заеви, проект на кој работи одамна со надеж дека и од нив ќе лапне 50 000е, ама Заеви се ем чисти ем инат ем скржави затоа што потешно и со пот ги печалат парите, значи цврц.

ТВ 24 е меѓу најдобрите телевизии во земјава, ако не и најдобра, но и најдобрите некогаш знаат да ја оплескаат.